havier majli

23.11.2023 Скопје

Новоизбраниот претседател на Аргентина, Хавиер Мајли, му се заблагодари на кинескиот претседател Си Џинпинг за честитката што му ја упати по повод победата во вториот круг од претседателските избори.

Мајли рече дека на Си му упатува најискрени желби за благосостојба на кинескиот народ и посочи дека е подготвен за соработка, нагласувајќи ја важноста на врските меѓу двете земји. Претходно, Мајли ги критикуваше Кина и Бразил, велејќи дека нема да се занимава со „комунистите“, туку би сакал посилни врски со САД.

Во посебна објава во средата, Мајли му се заблагодари на поранешниот американски претседател Доналд Трамп за честитките од неговиот предизборен тим и рече дека се надева дека ќе се сретне наскоро.

На Мајли, кој ќе ја преземе функцијата на 10 декември, ќе му биде предизвик да се справи со економската криза, троцифрената годишна инфлација и високата стапка на сиромаштија над 40 проценти. Кина е втор најголем трговски партнер на Аргентина, по Бразил.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author