protest novinari

16.11.2023 Скопје

Од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) информираат дека утре во 11 часот пред Граѓанскиот суд во Скопје ќе се одржи протест под мотото „Правото на граѓаните пред интересот на моќниците“.

На платото пред Младинскиот културен центар во 10:40 часот ќе започне протестот, а ќе продолжи пред Граѓанскиот суд.

„Време е гласно да кажеме дека правото на граѓаните е пред правото на моќниците – судот нема право да одредува кој смее, а кој не смее да работи како новинар. Се гледаме пред Граѓанскиот суд во Скопје“, порачуваат од ЗНМ.

„Протестот следи по скандалозното образложение на пресудата на судот против Истражувачката репортерска лабораторија во случајот „Феронвест против ИРЛ“ во кое судот си додели улога да утврдува кој смее, а кој не смее да работи како новинар, а притоа ги делегитимираше онлајн медиумите и граѓанските организации кои се бават со новинарство“, истакнуваат од ССНМ.

Подготвено од М.Д.

About Author