28.11.2023 Скопје
Граѓанин на Велика Британија е првиот човек во Обединетото Кралство на кој му е дијагностициран нов вид на свински грип, објавија здравствените власти.
Видот, H1N2, може да се пренесе од свињи на луѓе, но само ретко се шири меѓу луѓето.
Заразената имала благи симптоми, а со лекарите се јавила пред се поради респираторни проблеми.
Здравствените власти соопштија дека случајот бил откриен како дел од рутинскиот национален надзор на грипот и дека изворот на инфекцијата е непознат.
Се додава дека ситуацијата се следи со зголемен надзор во ординациите и болниците во Северен Јоркшир, регион во северна Англија.
Според здравствените власти, ова е прв пат да го детектираат овој вирус кај луѓе во Велика Британија.
Подготвено од А.Ѓ.