norveshka ekonomija

24.11.2023 Скопје

Податоците на Заводот за статистика покажаа дека норвешката економија се намали и во третиот квартал и влезe во рецесија, со пад на странската побарувачка за гас.

Норвешкиот БДП во периодот од јули до септември е намален за 0,5 отсто во однос на претходните три месеци кога забележа ист процентуален пад. Во првите три месеци од годинава бележи раст од 0,2 отсто.

Тоа би значело дека Норвешка влезе во рецесија во третиот квартал, што се дефинира како пад на активноста два квартали по ред.

Без секторот и опремата за нафта и гас, БДП во периодот од јули до септември бележи пораст од 0,1 отсто во однос на претходните три месеци кога стагнираше. На почетокот на годината е зголемен за 0,1 отсто.

Потрошувачката на домаќинствата е зголемена за 0,5 отсто, поддржана од купувањето стоки во странство и услугите поврзани со туризмот.

Државните трошоци се зголемени за 0,9 отсто, поддржани од трошоците за одбрана. Бруто инвестициите на компаниите во фиксен капитал се намалија за 2,1 отсто, што е одраз на остриот пад на трошоците за океански транспорт.

Денес, Норвешка е најголемиот снабдувач на гас во Европа. Таа ја измести Русија од нејзината водечка позиција и ја испраќа главно преку гасоводи. Во третиот квартал, пак, извезоа 1,4 отсто помалку гас во однос на претходните три месеци.

„Норвешката економија сега е во фаза од деловниот циклус каде слабата побарувачка го задушува растот“, рече шефот на националните податоци во Статистика на Норвешка, Пал Слетен.

На годишно ниво, БДП се намали за 1,9 отсто во третиот квартал, откако речиси стагнираше во претходните три месеци. Во првите три месеци од годинава бележи раст од 3,2 отсто.

Кога се исклучени нафтата, гасот и опремата, активноста во периодот од јули до септември беше речиси стагнирана, како и во претходните три месеци. Во првиот квартал порасна за 2,9 отсто.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author