14.11.2023 Скопје
Беким Незири, шефот на чаирскиот огранок на ДУИ и поранешниот министер за економија, истакна дека е лошо што со формирањето на многу партии на Албанците се дели албанскиот глас и тоа во време кога Албанците раководат со повеќе клучни сектори во државата.
„ДУИ е изложена неоправдано на навреди и напади од сите страни и од македонскиот и од албанскиот блок, но нема сила што ќе ја победи на избори“, додаде Незири.
„Реалност е дека Албанците никогаш не уживале толкава моќ како сега со ДУИ и Алијанса за Албанците. Сите економски сектори ги водат Албанци. акедонската дипломатија ја води Албанец, Министерство за правда е водено од Албанци, здравството го водат Албанци, имаме прв вицепремиер…“, наведе тој.
Незири вели дека ДУИ заедно со лидерот Ахмети се изложени на оркестрирани напади.
„Верувам дека сите се согласуваат со мислењето дека ДУИ е нападната од сите страни, од сите политички субјекти. Никој од овие што ја напаѓаат ДУИ не излегуваат со конкретен проект. Во ред е да се критикува, но нека дадат решение. За разлика од нив, ние не критикуваме, не зборуваме. Јас како претседател на огранокот на Чаир имам право да почнам да ја критикувам Општина Чаир, имам легитимни и политички права, но не го правам тоа. Политиките на ДУИ, политиките на Али Ахмети се дела“, рече Незири.
Подготвено од М.Д.