netanjahu premier na izrael

23.11.2023 Скопје

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчеравечер изјави дека на американскиот претседател Џо Бајден му пренел дека Израел ќе ја продолжи војната против Хамас по истекот на привремениот договор за прекин на огнот.

„Војната продолжува. Ќе продолжиме додека не ги постигнеме сите наши цели“, рече Нетанјаху на прес-конференцијата и посочи дека тоа му го кажал на Бајден за време на телефонскиот разговор.

Нетанјаху рече дека војната против Хамас продолжува и покрај договорот за краток прекин на огнот и ослободување на некои заложници, кои беа киднапирани за време на нападот врз Израел на 7 октомври.

Тој им се заблагодари на сојузниците на Израел што помогнаа да се преговара за договор со Хамас за ослободување на десетици заложници од Појасот Газа во замена за палестинските затвореници кои ги држеше Израел.

Нетанјаху, сепак, рече дека Израел нема да престане да се бори додека сите заложници не бидат извадени од Газа.

Тој додаде дека како дел од договорот постигнат со Хамас, на претставниците на Меѓународниот комитет на Црвениот крст ќе им биде дозволено да ги посетат заложниците кои остануваат во Појасот Газа, откако дел од нив ќе бидат вратени во Израел.

„Очекувам Црвениот крст да си ја заврши работата, да ги посети и да им ги донесе потребните лекови“, рече Нетанјаху.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author