06.11.2023 Скопје
Израел ги отфрли повиците за прекин на огнот во Газа, а воените експерти рекоа дека израелските сили се подготвени да ги интензивираат операциите против палестинскиот Хамас, без временска рамка.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху побара ослободување на повеќе од 240 заложници земени од Хамас за време на нападот на 7 октомври.
„Нема да има примирје без враќање на заложниците. Ова треба целосно да се отстрани од речникот“, им рече Нетанјаху на екипажот во воздухопловната база Рамон во јужен Израел, повторувајќи ја позицијата на владата.
Тој посочи дека тоа им го кажуваат на своите пријатели и непријатели.
„Едноставно ќе продолжиме додека не ги победиме. Немаме алтернатива“, рече Нетанјаху.
Подготвено од А.Ѓ.