netanjahu izrael

10.11.2023 Скопје

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека Израел не сака да ја освои, окупира или владее со Газа по војната против Хамас, но дека ќе биде потребна „кредибилна сила“ за да влезе на палестинската територија за да се спречи појавата на милитантни закани.

Нетанјаху претходно оваа недела предложи дека Израел ќе биде одговорен за безбедноста на Газа на неодредено време.

„Ние не сакаме да ја освоиме Газа, не сакаме да ја окупираме Газа и не сакаме да управуваме со Газа“, рече израелскиот премиер во интервју во четвртокот.

Нетанјаху рече дека на територијата ќе треба да се формира цивилна влада, но дека Израел ќе се погрижи нападите на Хамас од 7 октомври да не се повторат.

„Значи, мораме да имаме кредибилна сила која, доколку е потребно, ќе влезе во Газа и ќе ги ликвидира убијците. Затоа што на тој начин ќе го спречиме повторното појавување на организација како Хамас“, рече Нетанјаху.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author