najstarata voda vo svetot

03.11.2023 Скопје

Професорката Барбара Шервуд Лолар, лидер на тимот геолози кои проучувале канадски рудник во 2016 година и дошле до извонредно откритие, најстарата вода некогаш пронајдена на Земјата, и верувале или не, решила да се напие од истата.

Водата што тече приближно три километри под површината е тестирана дека е стара помеѓу 1,5 и 2,6 милијарди години, што ја прави најстарата вода откриена на Земјата.

„Кога луѓето ќе слушнат за оваа вода, тие претпоставуваат дека мора да има мала количина на вода заробена во карпите“, рече професорката Шервуд.

Таа додаде: „Но, всушност, таа вода буквално скока кон вас. Овие работи течат со брзина од литри во минута, а волуменот на вода е многу поголем отколку што некој очекуваше“.

Откако ја пробала античката вода, открила дека е „многу солена и горчлива“ и „многу посолена од морската вода“. Ова беше охрабрувачки знак бидејќи посолената вода обично е постара. Во овој случај, каде што водата е стара милијарди години, не е чудно.

„Ако сте геолог кој работи со карпи, веројатно имате лизнато многу карпи“, вели Шервуд.

Нејзиниот тим, исто така, откри дека животот некогаш бил присутен во таа вода гледајќи го соединението на сулфур и составот на солта.

„Можевме да докажеме дека сигналот што го гледаме во течностите мора да биде произведен од микробиологија – и што е најважно, тој мора да се произведува во текот на многу долг временски период“, додаде Шервуд.

Исто така се наведува: „Микробите што го создадоа овој потпис не можеа да го направат тоа преку ноќ“, за среќа, научникот ја немаше страшната научно-фантастична реакција откако ја испи древната вода и живееше да ја раскаже приказната.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author