https://www.flickr.com/photos/mpenarandaa/4261206950/in/photolist-7uxNnm-5yzcVy-dXee8G-vPfWLz-Bo9hC4-edX9U3-DbWeYX-7ijxEX-7dCm1f-bumKme-8vTxNy-EcfSW-rWDdKt-aiopSa-5dPzGo-anMSvS-7dTrgg-boiPT9-AmLHWv-86XuKF-aihMwd-9qTd8w-Hay8xu-7wHmvp-NMRL1d-9b6xTP-c3fvmh-gYS4YZ-59KSCd-LKF8FC-4NV2bC-oHF6xG-x5btxs-WwoTv3-kSLGc8-8YF6Xm-qkVCZ8-dT6XwE-98sapE-heqrrG-yH92zu-66DgQV-dbXb3A-bSQJie-93MRj2-274a1nk-ws7KLY-5mDBUL-uX6qgz-95fBdT

21.11.2023 Скопје

Комитетот за заштита на новинарите соопшти дека најмалку 50 новинари и медиумски работници се убиени откако избувна крвавиот конфликт меѓу Израел и Хамас минатиот месец.

Октомври е прогласен за најсмртоносен месец за новинарите откако групата за слобода на печатот почна да ги следи смртните случаи во 1992 година.

Зголемениот број означи „мрачна пресвртница“ и далеку ги надминува 15-те новинари кои беа убиени во тековната војна на Русија против Украина, соопшти организацијата.

Петмина новинари беа убиени во саботата, вториот најсмртоносен ден од конфликтот, соопшти ЦПЈ. Најсмртоносниот ден од војната беше 7 октомври – кога Хамас изврши терористички напад врз Израел – според организацијата, кога беа убиени шест новинари.

ЦПЈ соопшти дека ги проверува извештаите за убиените новинари во конфликтот од интервјуа со извори во регионот и од извештаите на медиумите. Не е јасно дали сите убиени новинари известувале од конфликтот во моментот на нивната смрт.

Подготвено од М.Д.

About Author