bajden- si jimping

01.11.2023 Скопје

Тимовите на американскиот претседател Џо Бајден и кинескиот Си Џинпинг начелно се договорија двајцата лидери да се сретнат во Сан Франциско во ноември, но важните детали допрва треба да се договорат, изјави висок претставник на Белата куќа.

„Постои начелен договор за состанок во Сан Франциско во ноември. Сè уште работиме на деталите важни за финализирање на тие планови“, изјави претставникот.

Бајден, неговиот советник за национална безбедност Џејк Саливан и државниот секретар Ентони Блинкен разговараа за изгледите за самит Бајден-Си за време на разговорите со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во Белата куќа и Стејт департментот минатата недела.

Прес секретарот на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, претходно денеска изјави дека Бајден и Си сакаат да имаат „конструктивен разговор“ на самитот на форумот за азиско-пацифичка економска соработка во средината на ноември.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author