01.11.2023 Скопје
Италијанецот Леонардо Алтобели е најстариот студент во светот, кој на 91-годишна возраст ја доби својата 15. диплома и одлучи дека е време да заврши со студирањето.
Алтобели, кој е и лекар во пензија, вели дека сега ќе се посвети на пишувањето книги за својот живот.
Тој по добивањето на 15. диплома изјави дека е најстариот студент во светот, но по оваа диплома ќе престане бидејќи сака да напише што правел и зошто го има направено ова.
До своите седумдесет години Алтобели бил лекар, а бил и градоначалник на родниот град Троја во близина на Фоџа. Меѓу другото, има дипломи од областа на правото, политичките науки, италијанската книжевност, филозофијата, педагогијата, аграрната наука, науката за технологија и храна, туризмот, историјата, биотехнологијата, археологијата и магистерска диплома по криминологија.
„Сега ќе се посветам на пишувањето. Им велам на младите да го сакаат тоа што го работат. Да ја прифатат својата работа и да ја работат со насмевка и смирено. Отсекогаш сум чувствувала страст за стекнување нови знаења и затоа се нарекувам себеси студент на светот“, заклучува Алтобели.
Подготвено од А.Ѓ.