murinjo roma

20.11.2023 Скопје

Фудбалскиот тренер на Рома, Жозе Мурињо сака да го продолжи договорот со римскиот клуб на крајот од сезоната.

Мурињо во Рома пристигна во 2021 година, а со „волкот“ има договор до крајот на сезоната. Тој во сезоната 2021/2022. ја освои Конференциската лига со Рома.

“Мурињо ужива да работи во Рим, најмногу поради љубовта што му ја покажуваат навивачите и играчите. Затоа сега сака да изврши притисок врз челниците на клубот да му го продолжат договорот, бидејќи чувствува дека има незавршена работа со овој тим“, изјави близок извор.

Португалскиот стручњак на крајот од минатата сезона беше незадоволен од ситуацијата во клубот поради несоодветни засилувања, но во меѓувреме се предомисли. Италијанските медиуми наведуваат дека конечниот збор дали Мурињо ќе остане во Рома ќе го даде претседателот на клубот Ден Фридкин.

Пред Рома, Мурињо ги водеше Тотенхем, Манчестер Јунајтед, Челзи, Реал, Интер, Порто и Леирија. Рома моментално е на седмото место на табелата во Серија А со 18 бодови од 12 натпревари.

Подготвено од М.Д.

About Author