https://www.facebook.com/VMarinkovicOfficial/photos/pb.100044505543357.-2207520000./2091507787785041/?type=3

06.11.2023 Скопје

Никола Јокиќ е повеќе од кошаркар на Денвер, тој има такво влијание врз локалната заедница што неговите изјави стануваат важен дел од едукацијата на младите.

Ова го покажува фотографијата пред основно училиште во Колорадо каде е пронајден цитат на Јокиќ.

„Асистенцијата прави двајца среќни“, стои на таблата на која се испишани важни пораки за јавноста.

Фотографијата ја сподели американскиот новинар Харисон Винд, кој со својот коментар го покажа значењето на зборовите на Јокиќ.

„Моите идни деца ќе ги испратам во ова училиште“, напиша Винд.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *