06.11.2023 Скопје
Русија е подготвена за прагматичен дијалог со западните земји, под услов тие да ги земат предвид интересите на Москва, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„Остануваме отворени за прагматичен дијалог со западните земји, под услов тие да покажат со дела, а не само со зборови, волја да ги земат предвид нашите интереси и да соработуваме врз основа на взаемна корист и почит“, рече Лавров во изјавата.
Тој изјави дека западните земји може, порано или подоцна, да сфатат дека сегашната антируска политика никаде не води.
„Тоа не е прашање за нас, туку, пред сè, за сегашната генерација високи функционери во европските земји, кои очигледно ја изгубија способноста да имаат стратешка визија и кои слепо го следат курсот на штетната политика на Вашингтон“, додаде Лавров.
Подготвено од А.Ѓ.