zuenje

16.11.2023 Скопје

Мистериозното зуење што се слуша ноќе во град во Северна Ирска го натера градскиот совет да го истражи неговиот извор. Жителите на Омаг, округот Тајрон, се пожалија дека не можат да заспијат поради „постојаното зуење“, а извештаите за звукот првпат се појавија кон крајот на октомври.

Советникот на Алијансата, Стефен Донели, рече дека мистериозното зуење, опишано како различно од сообраќајната бучава, се покажало како сериозен проблем за жителите.

Советот на округот Ферманаг и Омаг бара да ангажира експерт за да го открие звукот откако првичните обиди за негова трага беа неуспешни. Донели рече: „Можеби се работи за нешто сезонско или поврзано со временските услови, но овие работи честопати не излегуваат како едноставни и може да бидат од многу извори. Она што треба да направиме е да ги утврдиме фактите и потоа да преземеме акција за решавање на тоа.”

Портпаролката на Советот рече дека истрагата досега не дала резултати и дека официјалните лица ги разгледуваат следните чекори за да го идентификуваат звукот: „Поради големата површина на која беше пријавен звукот, тешко е да се одреди точниот извор. Полицајците во моментов размислуваат на користење специјализирана опрема или ангажирање на специјализирана компанија за да помогне во откривањето на изворот на бучавата“.

Мистериозни звуци веќе ги погодија другите градови и села низ Велика Британија. Во декември, жителите на Холмфилд, Западен Јоркшир, ја опишаа вревата доцна во ноќта како „бесконечен циклус на тортура“. Тоа брмчење беше споредено со звукот на машината за перење или на дизел мотор.

Во 2013 година, научниците шпекулираа дека мистериозната бучава што некои жители на Хемпшир ги држела будни ноќе, била резултат на сексот на рибите во блискиот влив. Жителите на Хит, во близина на Саутемптон, наводно биле принудени да се иселат од областа откако ноќе низ нивните домови одекнувале „пулсирачки“ звуци.

Националниот океанографски центар во Саутемптон не успеа да ја расветли мистеријата. Сепак, шкотското здружение за поморски науки тврди дека рибите би можеле да бидат одговорни за бизарниот звук на зуењето.

Докторот Бен Вилсон рече: „Тоа е една од можностите. Сигурно има „гласни риби“ во северниот дел на Атлантикот и приодите Манас“. Мажјаците на рибата мушичка испуштаат препознатливо брмчење за да им дадат до знаење на женките дека бараат партнер.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author