Image by DCStudio on Freepik

23.11.2023 Скопје

Наставата во многу училишта во Кина е откажана поради зголемениот број на заболени деца од новата мистериозна болест која се шири.

Од оваа нова мистериозна болест најзагрозени се децата. Болеста предизвикува страв кај населението и го вклучи алармот кај здравствените власти.

Од страна на Светската здравствена организација се побарани детални информации од Пекинг за порастот на „недијагностицираните респираторни заболувања“ кај децата во Кина. Воедно, СЗО го повика населението во Кина да преземе „мерки за намалување на ризикот“.

Кинеските независни медиуми уште во октомври објавија дека детските болници во северните делови на земјата се полни со болни деца, но властите тогаш одговорија дека станува збор за „ширење на познати патогени, како што се грипот и бактериските инфекции, поради укинување на рестрикциите воведени поради ширењето на корона вирусот“.

Глобалниот систе за следење на епидемијата „Промед“ предупредува на епидемија на „недијагностицирана пневмонија“ кај децата.

Во најновиот извештај на „Промед“ се наведува дека се работи за широко распространета појава на недијагностицирана пневмонија, истакнувајќи дека воопшто не е јасно кога започнала оваа епидемија, бидејќи би било невообичаено толку многу деца да бидат погодени толку брзо.

Подготвено од А.Ѓ.

 

About Author