17.11.2023 Скопје
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел изјави дека проширувањето на ЕУ ќе го направи блокот побезбеден и понапреден, но и ќе обезбеди стабилност и мир за балканските земји.
По пристигнувањето во Загреб, каде што ќе разговара со премиерите на Хрватска, Малта, Полска и Италија, Мишел посочи дека е неопходно членките на ЕУ да постигнат единство за стратешките прашања.
Во текот на изминатата недела, Европската комисија препорача БиХ, Молдавија и Украина да започнат преговори за членство во ЕУ.
Беше препорачано и Грузија да добие кандидатски статус.
Лидерите на ЕУ треба да одлучат во средината на декември дали ќе ја прифатат препораката на Европската комисија.
Подготвено од А.Ѓ.