denari

14.11.2023 Скопје

Како што најави министерот за економија Крешник Бектеши, минималната плата, која во моментов изнесува 20.175 денари, во март 2024 година ќе изнесува 22.500 денари.

„Најниската плата во земјава од март 2024 година ќе биде 22.500 денари. Повеќе од двојно зголемување од минималната плата во 2017 година“, напиша Бектеши на неговиот Фејсбук профил.

Во март 2022 година беа донесени измени на Законот за минимална плата согласно кои се воспостави нова методологија според која висината на минималната плата се усогласува со 50 проценти од порастот на трошоците на живот и 50 проценти од порастот на просечната плата во изминатата година.

Подготвено од М.Д.

About Author