22.11.2023 Скопје
Пентагон соопшти дека американскиот воен AC-130J Ghostrider нападна милитантна група поддржана од Иран, откако групата употреби балистичка ракета за да ги нападне американските и коалициските сили во воената воздухопловна база Ал Асад во Ирак.
„Успеавме да ја идентификуваме локацијата од каде беа лансирани овие напади бидејќи AC-130 веќе беше во областа и затоа можеше да одговори. Нашите сили беа во можност да преземат акција бидејќи ги видоа милитантите. Тие можеа да го следат движењето од тие милитанти кога влегле во нивните возила и затоа можеле да одговорат“, се наведува во соопштението.
Од 17 октомври, американските сили биле нападнати 66 пати и во Ирак и во Сирија, но додаде дека ова е прв пат да се користи балистичка ракета од овој тип.
Од почетокот на тие напади во октомври, САД извршија уште три напади, но тие беа однапред планирани и насочени кон специфични објекти и инфраструктура за кои се знае дека ги користат милициите поврзани со Корпусот на Исламската револуционерна гарда. Овој најнов одговор на САД беше различен по тоа што беше непланиран, се вели во него.
„Моментално веруваме дека презедовме соодветни мерки за десеткување на некои од нивните објекти и дел од нивното оружје. Секогаш го задржуваме правото да одговориме во време и место по наш избор“, велат тие.
Подготвено од А.Ѓ.