03.11.2023 Скопје
На прес-конференцијата со лидерите на Алијанса и Беса, Африм Гаши и Биљал Касами, одржана пред Врховниот суд, лидерот на Демократско движење, Изет Меџити, во име на здружената албанска опозиција, изјави дека изразуваат силна поддршка за судиите од Врховниот суд кои „се под страшен притисок со барањата за враќање на Никола Груевски.
„Како што знаеме и како што добивме информации од свиркачи, ДУИ и одредени поединци кои се инсталирани во раководството на оваа партија продолжуваат да вршат невиден притисок врз судиите од овој суд, со што докажуваат дека тие од политичка партија се претвориле во тиранин и дека со нивната сила и политичка моќ сакаат да го убијат секој столб на демократијата“, истакна Меџити.
Меџити додаде дека тоа воопшто не е за чудење, туку е уште еден показател кој треба да послужи како освестување за сите, дека „оваа политичка партија стана синоним на лицемерие, дејствувајќи против секоја европска вредност додека се повикува на истите“.
„Не можете да бидете проевропски и да бидете дел од секоја коруптивна афера. Не можете да бидете проевропски и да дејствувате против демократијата. Ова е уште еден показател дека ДУИ не е заинтересирана за ЕУ и уставните измени. Тие имаат потреба Груевски да се обиде да направи политички пазарења со ВМРО-ДПМНЕ за влез во концентрациона влада, пазарејќи се со идните пратеници на СДСМ“, рече Меџити.
Лидерот на Демократско движење Меџити искрено жали за нивото на кое паднале Али Ахмети и ДУИ, порачувајќи дека тоа народот жестоко ќе го казни на денот на изборите.
Подготвено од М.Д.