04.11.2023 Скопје
Илон Маск, сопственикот на социјалната мрежа Икс, порано Твитер, размислува да ја прекине услугата во Европа, како одговор на новите регулативи за оваа платформа наметнати од Европската унија.
Милијардерот наводно размислува да ја прекине достапноста или да го блокира пристапот до корисниците во Европската унија.
Во август оваа година, Европската унија го усвои Законот за дигитални услуги (DSA), кој, меѓу другото, поставува правила за спречување на ширење на штетна содржина, забрана или ограничување на одредени практики за таргетирање на корисници и споделување на некои внатрешни податоци со регулаторите и поврзани истражувачи.
Подготвено од А.Ѓ.