27.11.2023 Скопје
Американскиот технолошки претприемач Илон Маск денес во Израел ќе се сретне со премиерот Бенјамин Нетанјаху и претседателот Исак Херцог.
Израелски извор ја потврди посетата на Маск, милијардерот кој ги води компаниите „Тесла“, „Спејс Икс“ и социјалната мрежа „Икс“.
Посетата на Маск се совпаѓа со четиридневното примирје во израелската војна против палестинските милитанти од Хамас во Газа.
Нетанјаху се сретна со Маск во Калифорнија на 18 септември и го повика да постигне рамнотежа помеѓу заштитата на слободата на изразување и борбата против говорот на омраза по контроверзите во последните недели околу антисемитската содржина на мрежата Х.
Маск одговори велејќи дека е против антисемитизмот и против се што „промовира омраза и конфликти“. Тој ги повтори и неговите претходни изјави дека мрежата „Х“ нема да промовира говор на омраза.
Подготвено од А.Ѓ.