10.11.2023 Скопје
Меѓународниот ден на борбата против фашизмот и антисемитизмот предупредува дека не смее да се дозволи да се врати мракот на нацизмот и фашизмот што го зафати целиот свет во 1930-тите и 1940-тите, нагласи претседателот на Собранието на Црна Гора Андрија Мандиќ.
Мандиќ, кој е и лидер на Новата српска демократија, потсети дека на вчерашен ден се случи злогласната „Кристална ноќ“, при која беше извршен голем погром на Евреите, со што започна она што денес се нарекува Холокауст.
„Страдањето на невините луѓе и омразата кон кој било заслужуваат секаква осуда, а ние ја изразуваме нашата најдлабока почит кон жртвите од ова зло време“, напиша Мандиќ на социјалната мрежа Икс.
На 9 ноември 1938 година, германските нацисти во т.н на „Kristallnacht“ започна прогонот на Евреите, убивајќи неодреден број деца, жени и мажи и запалени стотици синагоги и повеќе од 7.000 еврејски продавници и куќи.
Међународни дан борбе против фашизма и антисемитизма нас опомиње да не смијемо допустити да се тама нацизма и фашизма која је прекрила цијели свијет током тридесетих и четрдесетих година прошлог вијека врати.
На данашњи дан се десила злогласна „Кристална ноћ“ током које је… pic.twitter.com/xsajdoBM2o
— Андрија Мандић (@AndrijaMandicDF) November 9, 2023
Подготвено од М.Д.