https://commons.wikimedia.org/wiki/File:Emmanuel_Macron_%286%29.JPG

03.11.2023 Скопје

Францускиот претседател Емануел Макрон најави дека најверојатно ќе ја напушти политиката во 2027 година, кога ќе му заврши вториот мандат.

„Веројатно ќе направам нешто сосема поинакво кога ќе завршам“, рече шефот на државата за време на состанокот со некои студенти во Астана, Казахстан.

„Но, ќе бидам среќен што и служам на мојата земја десет години како претседател“, додаде Макрон.

Макрон се квалификувал за вториот круг на избори во првиот круг на 23 април 2017 година. Победи во вториот круг на претседателските избори на Франција на 7 мај 2017 година победувајќи ја кандидатката на Националниот фронт, Марин Ле Пен со голема разлика. Со своите 39 години, тој е најмладиот претседател во француската историја и најмлад француски водач на држава после Наполеон.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author