slovenija popla

01.11.2023 Скопје

Како последица на обилните дождови, свлечиштето затрупа куќи во реонот на словенечкиот град Толмин, каде исто така беа затворени неколку патишта, поплавени се повеќе од 30 згради во општина Кочевје, а морето се излеа во Изола и Пиран.

Градоначалникот на Томлин, Ален Черв, изјави дека постои реална опасност од лизгање на земјиштето на многу локации и дека состојбата ќе треба да се следи до крајот на неделата.

„Се надеваме на најдоброто, но подготвени сме за сите ситуации“, изјави Черв.

Пожарникарите, работниците од патните и општинските служби и припадниците на цивилната заштита денеска имаа 83 интервенции за испумпување на водата од зградите, поставување на насипни вреќи, покривање покриви, отстранување на паднати дрвја и заштита од одрони.

Во Информативниот центар на Управата за заштита и спасување на Словенија наведуваат дека интервенции имале во подрачјата на регионалните центри Брежице, Целје, Копер, Крањ, Љубљана, Марибор, Нова Горица, Ново место, Постојна, Птуј, Словењ Градец и Трбовље.

Реката Драва, која на границата со Австрија достигна околу 1.100 метри кубни во секунда, ќе се излее по целото нејзино течение, но се очекува од утре наутро да почне да се намалува протокот на вода.

Горниот тек на реката Колпа паѓа, во средишниот дел е сино, но нивото на водата е намалено, додека во долниот тек ќе продолжи да расте до утре вечер.

Високата плима и обилните дождови предизвикаа излевање на морето во Изола и Пиран, каде дождовницата поплави неколку патишта, додека надојдената река Бадашевица ја загрози населбата во Шалари.

Информативниот центар на словенечката управа за заштита и спасување соопшти дека во општина Копар при обилни врнежи во ноќните часови дождовницата поплавила неколку станови.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author