06.11.2023 Скопје
Либан ќе поднесе жалба до Обединетите нации поради убиството на цивили, вклучително и деца, во израелски напад во јужен Либан, изјави министерот за надворешни работи Абдала Бу Хабиб.
Бу Хабиб изјави дека Либан собира информации и слики и најверојатно ќе поднесе жалба денес.
На прашањето за извештаите од либански безбедносни извори дека во израелски напад загинаа три лица во автомобил, портпаролот на израелската армија рече дека армијата ќе објави соопштение за нападот во Либан во текот на денот.
Во меѓувреме, либанската група Хезболах соопшти дека истрелала повеќе ракети врз северниот израелски град Кирјат Шмон како одмазда за израелскиот воздушен напад во јужен Либан.
Подготвено од А.Ѓ.