gaza vojna izrael

17.11.2023 Скопје

Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека лекарите заробени во баптистичката болница „Ал Ахли“ во градот Газа тврдат дека биле спречени да дојдат до ранети надвор од болницата поради интензивните борби во областа.

Екипите за итни случаи слушаат експлозии и силни пукотници, но не можат да излезат и да им пружат помош на повредените, соопшти организацијата.

„Во дворот на болницата на околу 30 метри има голем број маченици и ранети до кои нашите екипи не можат да стигнат“, се наведува во соопштението.

Претходно, британско-палестинскиот хирург Гасан Абу-Сита изјави дека болницата не е во состојба ниту да врши операции и хируршки зафати.

„Болницата сега е практично станица за прва помош“, рече тој, додавајќи дека стотици луѓе чекаат да бидат оперирани во таа болница.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author