24.11.2023 Скопје
Изборната платформа на новиот премиер на Холандија, екстремниот десничар Герт Вилдерс, вклучуваше референдум за „Негзит“, односно потенцијално излегување од Унијата, што француската десничарка Марин Ле Пен го поддржа и коментираше дека убедливата победа на десницата во Холандија е јасен показател дека Европејците ја преиспитуваат политиката на ЕУ и сакаат да ја контролираат миграцијата во нивните држави.
Ле Пен смета дека холандските граѓани имаат право на самоопределување, што вклучува потенцијално излегување од ЕУ, споредувајќи ја ситуацијата со Брегзит.
Таа ги повика француските гласачи да ја стават партијата на Емануел Макрон во малцинска позиција на следните избори за Европскиот парламент во јуни 2024 година.
Подготвено од А.Ѓ.