07.11.2023 Скопје

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, вчеравечер се сретна со вицепремиерот на привремените институции на Приштина, Бесник Бисљими и порача дека Договорот за патот кон нормализацијата треба да се спроведе без одлагање и без предуслови.

„Само што разговарав со Бисљими, што е продолжение на неодамнешната средба со европските лидери во Брисел. Разговаравме за потребата од целосна имплементација на Договорот за патот кон нормализацијата, без одлагање или предуслови. Се договоривме и за следните чекори“, изјави Лајчак на платформата Х (Твитер) и ја објави нивната заедничка фотографија.

Се очекува Лајчак на опозицијата да и го претстави новиот нацрт на Статутот на Заедницата на српските општини, а таа средба треба да започне денес.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *