https://www.facebook.com/photo.php?fbid=664492385044492&set=pb.100044512086347.-2207520000.&type=3

08.11.2023 Скопје

Премиерот на приштинските привремени институции Албин Курти изјави дека нацрт-заедницата на општините со српско мнозинство, предложен од ЕУ и САД, е „значително понапреден“ од претходните, но дека Приштина не е задоволна со содржината и ќе испрати забелешки до специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог, Мирослав Лајчак.

Тој изјави дека поради доверливост не може да зборува за нацртот или забелешките и дека на Лајчак му ги пренел преку главниот преговарач на Приштина, Бесник Бисљими на 24 октомври, два дена пред средбата во Брисел.

„Ова е сосема поинаков нацрт, неспоредливо понапреден, но тоа не значи дека сме задоволни, затоа и јас ги испратив моите забелешки и критики“, рече Курти по посетата на Националниот џудо центар, каде се одржува обуката на членовите на т.н. косовски безбедносни сили.

Курти повтори дека понудил да се потпише само како дел од пакетот што ги вклучува Основниот договор, Анексот за спроведување, како и нацртот за кој претходно достави коментари.

„Бидејќи ни беше кажано во Брисел дека нормализацијата на односите е итна, се согласив да го потпишам, но само како дел од пакетот“, рече Курти, додавајќи дека во него побарал Косово да добие статус на земја кандидат за ЕУ и да започне патот на прием во НАТО.

На прашањето зошто вчера не го прими специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак, Курти рече дека нема потреба да се сретне со него, бидејќи има други обврски.

„Мојот заменик Бесник Бисљими се сретна и се е во ред. Кога има потреба излегувам и јас да се сретнам, Бесник Бисљими контактира и комуницира со него. Не е прв пат да имаме средба со европски емисар, но е предводен од мојот заменик, кој е одговорен за европската интеграција, развој и дијалог“, рече Курти.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *