28.11.2023 Скопје
Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека Косовските безбедносни сили се наследници на ОВК.
Курти ова го изјави на централното одбележување на Денот на косовските безбедносни сили во касарната „Адем Јашари“ во Приштина.
Тој нагласи дека досега во странство се обучени 3.459 војници и офицери, а Владата на Косово двојно го зголемила воениот буџет.
„Владата на Косово за помалку од три години го удвои буџетот за Министерството за одбрана, тројно ги зголеми инвестициите во вооружување и за повеќе од четири пати обуката и образованието на нашите офицери и војници во странство. За помалку од 32 месеци испративме 3.459 војници и офицери во странство. во исто време ни е јасно дека КБС е наследник на Ослободителната војска на Косово“, рече тој.
Тој порача дека граѓаните треба да одат во иднината со позитивен поглед на државата.
„Тоа е ден на радост кога истовремено го одбележуваме споменот на оние кои се жртвуваа, но истовремено гледаме на иднината со оптимизам бидејќи знаеме колку сме безбедни со нашата армија“, заклучи Курти.
Подготвено од М.Д.