14.11.2023 Скопје
Премиерот на самопрогласеното Косово, Албин Курти побара екстрадиција на Милан Радоичиќ и неговата група на Косово.
Според Курти, полицијата го задржала Радоичиќ во Србија само два часа и тој бил ослободен. Курти побара помош од меѓународната заедница за негова екстрадиција.
Курти овие изјави ги даде во интервју во Виена, каде што учествува на Виенскиот економски форум. Тој рече дека запленети се оружје, оклопни возила и тешка воена техника во вредност од над пет милиони евра.
Тој ја обвини Србија дека планира да ги искористи сценаријата на Косово, „ги убива и аџиите во манастирот и свештенството“.
Подготвено од М.Д.