23.11.2023 Скопје
Хрватскиот државен иснпекторат соопшти дека загорскиот грутлив кулен од 500 грама е повлечен од продажба поради салмонела.
Куленот го произведува Шкалец промет д.о.о, преработка на месо Дружиловец 116, а на пазарот го пласира Месница Грашо.
Производот е ЛОТ број 23012023, произведен е на 23.01.2023 година, со рок на употреба 06.02.2024 година.
Производот не е во согласност со Регулативата на Комисијата (ЕЗ) од 15 ноември 2005 година за микробиолошки критериуми за храна, а известувањето се однесува исклучиво за горенаведениот производ, се наведува во соопштението.
Подготвено од М.Д.