22.11.2023 Скопје
Минатиот викенд крадци упаднале во магацин на логистичка компанија во Дисбург и од него украле неверојатна количина работи.
Градската полиција соопшти дека меѓу другото во магацинот недостасуваат 2.000 ЛЕД телевизори и 16.000 електрични четки за заби. Крадците однеле и сеф тежок повеќе од 100 килограми.
Сè на сè, штетата е проценета на 1,4 милиони евра.
Крадци упаднале во зградата кршејќи прозор.
Полицијата ги истражува индициите и ги прегледува снимките од надзорните камери и ги повикува потенцијалните сведоци да излезат. Имено, тие сметаат дека крадците се повлекле со неколку камиони стока.
Подготвено од А.Ѓ.