fabrika dorina

13.11.2023 Скопје

Хрватскиот производител на кондиторски производи „Краш груп“ објави дека влегол на бугарскиот пазар во партнерство со бугарската дистрибутивна компанија „Делион“.

Краш моментално го извезува својот бренд за чоколади Дорина на бугарскиот пазар.

Компанијата ги истакна плановите за извоз на разни производи од Краш заедно со Дорина. Сепак, не беа дадени конкретни финансиски детали за извозот во Бугарија.

Акциите на Краш во петокот на загрепската берза поскапеа за 5,56 отсто на 95 евра.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author