https://www.facebook.com/photo.php?fbid=531327158996704&set=pb.100063582736486.-2207520000.&type=3

07.11.2023 Скопје

Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека за Груевски е распишана потерница и тој навистина треба да се врати во државава, но за да се соочи со правдата во согласност со македонските закони.

Откако утрово некои од македонските медиуми објавија дека Заев му се има закането на раководството на СДСМ дека ќе тргне против него ако продолжи да соработува со ДУИ во нивната акција за враќање на експремиерот Груевски, Ковачевски истакна дека не бил во никаква команикација со Заев за враќање на експремиерот во Република Северна Македонија.

Откога стана извесно дека застарува и ТНТ – уште еден случај поврзан со Никола Груевски, Ковачевски не сакаше да даде свое толкување на одлуката.

Како што заклучи: „Нема основа овие теми да бидат реална политичка дебата во државата“.

Подготвено од М.Д.

About Author