koncert trio

17.11.2023 Скопје

Во галеријата на КИЦ на Северна Македонија во Софија денеска (17 ноември) во 18:30 часот концерт ќе одржи дувачкото трио составено од македонските музичари Владимир Лазаревски (обоа), Марина Николовска (обоа) и Маја Чанаќевиќ (англиски рог).

Дувачкото трио, составено од две обои и англиски рог, е камерен состав чии членови потекнуваат од Оркестарот на Филхармонијата во Скопје.

„Интересен е составот на ова трио бидејќи се работи за инструменти од ист род, кои во континуитет настапуваат како хомогена група во рамките на симфониската музика. Членовите на ова трио соработуваат долги години и досега реализирале многубројни концерти токму во ваков состав. Владимир, Марина и Маја се инструменталисти кои го негуваат камерното музицирање и настапуваат и како солисти во различни други ансамбли“, истакнуваат од КИЦ во Софија. Оттаму додаваат дека програмата на концертот е поделена во два дела, музички и стилски.

Во првиот дел од концертот се потенцира негувањето на класичниот звук на камерното музицирање, додека во вториот дел, преку различните танци, публиката ќе има можност да прошета низ различни делови од светот.

Подготвено од М.Д.

About Author