22.11.2023 Скопје
Тешко е да се пресмета точно колку струја троши ЕВ, но можни се многу добри проценки врз основа на неколку фактори.
Како што проценува специјализираната веб-страница Edmunds, просечното електрично возило троши околу 394 kWh месечно, а се објаснува и како стигнале до оваа пресметка.
Сите електрични возила имаат големи батерии кои обезбедуваат напојување на моторите, а количината на електрична енергија складирана во овие батерии е иста како кога ќе го погледнеме капацитетот на резервоарот на „традиционалниот“ автомобил.
Современите батериски системи се разликуваат по капацитет, со што на автомобилите им се даваат различни опсези кога се целосно наполнети.
Батериите во модерните ЕВ може да трошат од 30 kWh кај малите модели како што е Mini Cooper SE, до повеќе од 200 kWh кај „тешките“ како што е GMC Hummer EV. Сепак, капацитетот на батеријата не е единственото нешто што треба да го знаеме.
Ефикасноста на електричните возила мора да се пресмета кога ќе се земе предвид и поминатото растојание, па за традиционалните возила пресметуваме на пр. „6 литри на 100 километри“, а за ЕВ тоа се изразува преку, да речеме, „50 kWh на 100 километри“, па така мора да гледаме на пресметките.
Овој сајт ги земал предвид статистичките податоци од САД, а со помош на податоците за бројот на километри поминати на просечниот возач месечно, земајќи ги предвид ефикасните и неефикасните ЕВ, дошле до заклучок дека просечното возило троши 0,35 kWh. за една милја (околу 1,6 километри), што значи 394 kWh месечно.
Подготвено од М.Д.