08.11.2023 Скопје
Спроведовме темелна внатрешна истрага која не откри никакви несообразности во нашето производство. Дополнително, испративме примероци во независна акредитирана лабораторија за понатамошна анализа, соопшти компанијата Кока Кола ХБЦ Хрватска по случаите на труење во таа земја.
„Свесни сме за случајот поврзан со стаклено шише Romerquelle Emotion Blueberry Pomegranate 330 ml. Ја изразуваме нашата длабока загриженост и надеж за брзо и целосно закрепнување на лицето инволвирана во овој случај. Ја понудивме нашата целосна поддршка и сме отворени на соработка со сите надлежни органи кои ја спроведуваат истрагата. Работиме според највисоките стандарди за квалитет и здравје, кои подлежат на редовни надворешни контроли. Паралелно, спроведовме детална внатрешна истрага која не покажа никакви недоследности во нашето производство. Покрај тоа, ние испративме примероци во независна акредитирана лабораторија за понатамошна анализа“, истакнаа од Coca-Cola HBC Hrvatska d.o.o.
Во понеделникот попладне социјалните мрежи беа преплавени со предупредувања до граѓаните да не пијат одредени сокови и минерални води поради наводно труење. Од болницата во Риека во текот на вчерашниот ден потврдија дека имаат еден случај на повреда на хранопроводникот, а од риечката полиција потврдија дека на едно лице му се слошило откако испило пијачка во кафуле, а подоцна беше соопштено дека во текот на вчерашниот ден во Загреб се хоспитализирани две помлади лица поради сомнение за истото труење.
Подготвено од А.Ѓ.