kina ekonomija

10.11.2023 Скопје

Кинеското биро за статистика објави дека Кина повторно забележа годишна дефлација во октомври, потенцирајќи дека годишниот пад на цените на стоките и услугите, мерен преку индексот на потрошувачките цени (ИПК), изнесува 0,2 отсто. Еден месец претходно цените не се менуваа, но во август забележаа раст од 0,1 отсто.

Ова е второ намалување на потрошувачките цени годинава. Во јули цените паднаа за 0,3 отсто.

Според статистичарите, најмногу се намалиле цените на алкохолот, тутунот и храната, а свинското месо за 30,1 отсто.

Индексот на цените на производителите падна за 2,6 отсто во октомври, што, според кинеските статистичари, е веќе тринаесетти месец по ред.

Како што пренесуваат странските агенции, денешните податоци покажуваат дека домашната побарувачка сè уште забавува, иако податоците за скокот на кинескиот увоз на почетокот на неделата ги зголемија надежите за закрепнување на домашната потрошувачка.

Долгорочната дефлација инаку може да има поголеми негативни ефекти врз економскиот раст во споредба со растот на цените. Иако на прв поглед потрошувачите профитираат од тоа, бидејќи цените на стоките и услугите, и дефлацијата претставува голем притисок врз профитот на компаниите, што носи ризици во однос на кратење на платите и можни отпуштања.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author