kinaaa

20.11.2023 Скопје

Народната банка на Кина (PBoC) денеска објави дека одлучила да ја задржи каматната стапка на едногодишните кредити (LPR) на 3,45 отсто.

Оваа каматна стапка е поврзана со повеќето заеми за поединци и компании.

Во исто време, PBoC ја задржа каматната стапка на петгодишните кредити, која е поврзана со повеќето хипотеки, на 4,2 отсто.

Овој потег на Народната банка на Кина е во согласност со очекувањата на пазарот.

Вредноста на новите кинески заеми во националната валута во октомври изнесуваше 738,4 милијарди јуани, објави неодамна PBoC.

Тоа е најниско во последните три месеци, но ги надмина очекувањата на пазарот од 665 милијарди јуани.

М2, широка мерка за понудата на пари што ги покрива парите во оптек и сите депозити, порасна за 10,3 отсто во октомври во однос на претходната година, во согласност со очекувањата на пазарот.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author