30.11.2023 Скопје
Кинеското Министерство за одбрана денеска соопшти дека САД треба да престанат да се мешаат во ситуацијата околу Тајван и Јужното Кинеско Море.
Кинеското Министерство за одбрана посочува дека продажбата на американско оружје на Тајван ја прави ситуацијата поопасна.
„Владејачката Демократска напредна партија во Тајван го претвора Тајван во складиште за оружје и буре барут“, изјави Ву Чен, главен портпарол на кинеското Министерство за одбрана.
Тој нагласи дека безбедноста на Тајван зависи од мирниот развој на односите со Пекинг, наместо од „неколку парчиња оружје произведени во САД“.
„Бараме американската страна да дејствува во согласност со нејзините зборови и да преземе конкретни чекори за да ја почитува својата посветеност да не ја поддржува независноста на Тајван, да престане да го вооружува Тајван и да престане да ги поткопува основните интереси на Кина“, рече Ву.
Кина го смета Тајван за дел од својата територија, а тој остров, кој има своја влада, го признаа десетина земји, не вклучувајќи ги САД.
Вашингтон не ја поддржува формалната независност на Тајван, но е обврзан со своите закони да му обезбеди на островот одбранбени ресурси.
Некои американски претставници бараат зголемена поддршка како одговор на заканите од воените вежби на Кина.
Подготвено од А.Ѓ.