zagreb 1988 godina

16.11.2023 Скопје

Главниот град на Република Хрватска пред повеќе од 30 години имал густ сообраќај.

Ако се вратиме на крајот на 1980-тите, лесно ќе ги препознаеме улиците на Загреб.

Дека се работи за снимка од сега прилично далечното минато, сведочат само моделите на автомобили. Во тоа време, автомобилите на Застава беа во апсолутна доминација, а потоа следеа поевтините модели од западноевропската автомобилска индустрија.

Така, во 1988 година загрепчани често избираа Renault 4 или Citroen Visa, покажувајќи колку евтините и практични автомобили отсекогаш биле ценети на овие простори. Има и стари Фордови и Опелови, а како статусен симбол се појавува Volkswagen Golf.

Можеби асфалтот се смени, а и изгледот на одредени улици, но некои работи останаа исти. ЗЕТ како давател на јавен превоз со своите сини трамваи беше препознатлив и тогаш и сега. Дури и моделите останаа исти, исто како сообраќајниот метеж со хроничниот недостаток на паркинг места.

Подготвено од М.Д.

About Author