horor film

30.11.2023 Скопје

Сигурно никогаш не би рекле дека гледањето хорор филмови може позитивно да влијае на вашето здравје.

Многу луѓе не се љубители на хорор филмови. Но, без разлика дали спаѓате во групата на луѓе кои уживаат во овој жанр, можеби ќе се изненадите кога ќе дознаете дека гледањето хорор филмови може да има одредени здравствени придобивки за вашето ментално здравје.

Поради застрашувачката содржина што ја нудат хорор филмовите, често се поставува прашањето дали филмовите од овој и слични жанрови се навистина штетни за човечкото тело, но всушност индивидуалните студии покажаа дека има бројни предности од гледањето хорор филмови.

Според клиничкиот психолог Алиса Џеруд, гледањето филмови кои ја смрзнуваат крвта го преплавуваат вашето тело со адреналин, кој го активира одговорот на нашето тело „бори се или бегај“, некои можат да бидат доста возбудливи. Според една студија од 2020 година објавена во Psychological Science, оваа реакција се случува затоа што на крајот, без разлика на стравот, тие се уште се безбедни во својата околина.

Гледањето страшни или стресни филмови може да ви помогне да се справите со слични ситуации во реалниот живот. Студијата од 2021 година објавена во списанието Personality and Individual Differences покажа дека љубителите на хорор филмовите се покажале поотпорни и поподготвени за пандемијата.

Исто така, третманот заснован на изложеност на специфични фобии и посттрауматско стресно растројство понекогаш вклучува намерно гледање на сцените што всушност го предизвикуваат тој страв. На овој начин ќе научите дека можете да толерирате анксиозност и да реагирате поинаку кога ќе се појави опасност.

За некои луѓе, гледањето нешто страшно во филм може да обезбеди моќен увид во нивната личност. Студија од 2021 година во Journal of Media Psychology истакнува дека ако сте во можност да искусите нешто страшно, сте научиле дека имате моќ да ги надминете вашите стравови.

Всушност, дури и ако треба да ја напуштите просторијата или да го исклучите филмот кога работите стануваат навистина напнати, сте научиле нешто за тоа како можете да се справите со реална ситуација која буди слични емоции, а тоа знаење може да биде добра работа.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author