21.11.2023 Скопје
Влеговме во есен, што значи дека сезоната на вируси е пред нас. Постудените периоди често носат настинки, а еден од најчестите симптоми што се јавува е иритација или болки во грлото.
За среќа, постои едноставен и природен начин за ублажување на овие непријатни симптоми.
За овој метод ви се потребни само две состојки – вода и сол. Гаргарата со солена вода е древна техника што ја користеле генерации пред нас и се покажала како исклучително корисна за лекување на настинки, инфекции на синусите и други благи проблеми.
Овој традиционален лек може да го користат деца постари од шест години, односно секој.
Науката докажа дека солта помага да се извлече вода од ткивата во устата и да се создаде заштитен слој кој го спречува враќањето на штетните патогени. Со други зборови, гаргарата со солена вода ефикасно ги блокира вирусите и бактериите, го намалува ризикот од инфекции на устата и грлото и може да го ублажи воспалението во благи случаи.
Како се подготвува солениот раствор?
За да подготвите гаргара со солена вода, едноставно измешајте четвртина до половина лажичка сол со 230 милилитри топла вода. Важно е да се напомене дека водата треба да биде топла, но не премногу топла, за да се олесни чувството на гребење и болка во грлото. Исто така, солта полесно ќе се раствори во потопла вода. За таа цел можете да користите секаков вид сол.
Откако ќе ја подготвите солената вода, плакнете ја устата колку што можете подолго. Потоа, исплукајте го. Оваа метода се препорачува да ја применувате најмалку два пати на ден, а нема проблем доколку ја користите почесто. Оваа едноставна процедура може значително да ја ублажи непријатноста во грлото при настинка или иритација.
Подготвено од М.Д.