20.11.2023 Скопје
Војската на Јужна Кореја ја предупреди Северна Кореја веднаш да престане да се подготвува да стави воен сателит во орбитата и се закани дека ќе преземе „неопходни мерки“ доколку не го стори тоа.
„Доколку Северна Кореја лансира воен разузнавачки сателит и покрај нашето предупредување, нашите вооружени сили ќе ги преземат неопходните мерки за да ги обезбедат животите и безбедноста на граѓаните“, изјави денеска Канг Хопил, главен воен директор за операции на Здружениот генералштаб на корејските вооружени сили.
Пјонгјанг наводно се подготвува да направи трет обид да стави воен шпионски сателит во орбитата, по двата неуспешни обиди во мај и август.
Претходно овој месец, Пјонгјанг тврдеше дека успешно тестирало нови мотори со цврсто гориво за балистички ракети, а јужнокорејското разузнавање предупреди дека Северот е во „последна фаза“ на подготовка за лансирање ракета-носач.
Подготвено од М.Д.