https://www.flickr.com/photos/jmube/37930051676/in/photolist-fhNfw2-9qGATH-4Ha6Kn-8YWERx-h1LQK5-25Hmvzu-neuu1W-Qgfuzz-e4nVQv-f2exRz-bELySz-e6fJZq-9gam7X-ebWdC5-abH5nB-dWDuzM-22fjXxy-7GcXii-ERwACg-q4i4e-DmDCWd-7Vwehz-2BKTxC-5q5pDd-boLHx-7ioMdj-NzSEa8-HY3SzD-Cu1nLz-4NZr5q-8828KM-5Arsic-8ZriWJ-5WD89s-PFxBrN-9gdbxS-qogvSN-ZMKqUd-h8Jjqi-4VgzMS-NYv19-bUS53G-a2yGEC-8w6UG5-5CL9N-97a8Xq-fZCndE-cNQKw9-NtdwWP-4KFjZ4

23.11.2023 Скопје

Апелациониот суд на Јужна Кореја денеска пресуди дека Јапонија мора да плати компензација за сексуални злосторства врз Корејки принудени да работат во јапонски бордели за време на Втората светска војна.

Одлуката доаѓа откако Окружниот суд во Сеул го отфрли случајот во 2021 година, повикувајќи се на суверен имунитет, правната доктрина дека државите се имуни од граѓански тужби пред странски судови.

Апелациониот суд, сепак, ја поништи таа одлука и ја призна јурисдикцијата на јужнокорејските судови над јапонската влада како тужена страна.

„Разумно е да се смета дека постои меѓународно право што не го признава државниот имунитет кога станува збор за незаконски дејствија“, соопшти Апелациониот суд.

Токио останува на ставот дека прашањето за „жените за утеха“ било решено со договор во 1965 година, со кој се нормализирале дипломатските односи и дека двете земји се согласиле неотповикливо да го затворат случајот во 2015 година.

Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја соопшти дека ги разгледува деталите од последната судска одлука, без дополнителни коментари.

Шеснаесет преживеани од сексуална експлоатација од јапонски војници поднеле тужба во 2016 година барајќи 155.000 долари поединечно и формално извинување.

Подготвено од А.Ѓ.

 

About Author