09.11.2023 Скопје
Нова копнена маса со дијаметар од околу 100 метри се појави во близина на островот Ивото, 1.200 километри јужно од Токио, откако минатиот месец започнаа ерупциите.
Фукаши Маено, вонреден професор на Институтот за истражување на земјотреси на Универзитетот во Токио, рече дека фреатомагматските ерупции, вид на експлозивна ерупција што произлегува од интеракцијата на магмата со водата, се случиле на околу еден километар од Ивото, формирајќи копнена маса со дијаметар од околу 100 метри.
Маено, кој го прелета местото кон крајот на октомври, изјави дека обрачите од чад и пепел високи околу 50 метри се издигнувале на секои неколку минути за време на ерупциите.
Тој рече дека неодамнешното формирање на островот е доказ дека магматската активност се вратила во областа.
Новиот остров би можел да порасне и да ја промени формата доколку продолжат ерупциите, но може да исчезне и под брановите.
Островите создадени на сличен начин во областа во 1904, 1914 и 1986 година исчезнаа поради ерозија.
Подготвено од А.Ѓ.