06.11.2023 Скопје
Лидерот на ГРОМ и градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, размислува да се кандидира за претседател на Република Северна Македонија, бидејќи смета дека ја има поддршката од граѓаните.
Јакимовски потенцира дека за таа функција е потребен човек со долгогодишно политичко искуство.
Според Јакимовски, во однос на политиката на ЕУ на Бугарија кон државава смета дека Република Северна Македонија дури и Бугарин да донесе за да ја извршува функцијата претседател на државата, земјава нема да влезе во ЕУ.
„Размислувам да се кандидирам за претседател. Да се биде на одредена функција треба да се има многу искуство. Политичкото искуство е многу битно, а ние немаме политичар кој има доволно долго политичко искуство за една таква позиција. Во Хрватска сите претседатели биле избирани според големото политичко искуство“, рече Јакимовски.
Лидерот на ГРОМ го колеба прашањето дали ќе има промена на изборниот модел, цензусот, во финансирање и собирањето на потписи. Тој вели дека досега не разговарал со политички фактори, но од граѓаните добива поддршка за претседателска кандидатура.
За оние кои пропагираат претседател да се избира во Собранието, а не на непосредни избори, вели дека прават калкулации да се избира претседател Албанец.
Претседателот, додава, треба да има поголемо влијание и во судската власт оти него го бираат сите граѓани. Тоа е и причината што треба да биде неутрален, но и да има повеќе ингеренции и подолг мандат.
Според Стевчо Јакимовски, политичка одлука е Балканот да се држи под мраз поради француско-германскиот тивок судир, а од друга страна имаме провблем, како што рече, што ни го подметнуваат наметнатото решение со Бугарија.
Подготвено од М.Д.